Роденденот го прослави покрај своите најсакани: Хана и Дарен ѝ помогнаа на мама Тамара да ги дувне свеќичките (ФОТО)
Една од најпознатите пејачки во нашата држава, Тамара Тодевска вчера го прослави 37-от роденден. По тој повод, многу нејзини блиски пријатели, соработници, роднини, обожаватели ѝ упатија честитки со најубави желби.
Од сите честитки, особено се истакна емотивна порака од нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, која не го криеше разочарувањето што не може да ја прегрне својата сестра на овој ден.
Тамара пак, на социјаните мрежи објави неколку фотографии со нејзините наследници, ќерката Хана и синот Дарен. На фотките тие ги дуваат свеќичките на роденденската торта, а по насмевката на нивните лица, може да заклучиме дека имале ден за паметење.
„37. Викаат дека годините се само бројка... Да ви кажам искрено, поубаво не сум се чувствувала никогаш. Живели дечки.“ - напиша Тамара покрај фотографиите.
Подоцна, во текот на денот откри и дел од атмосферата од роденденската забава, на која главни биле нејзиниот сопруг и деца.
фото: Принтскрин / Инстаграм