Роденденската фотка на принцот Џорџ ја освои планетата: Нема да верувате колку е пристапна цената на неговиот стајлинг
Принцот Џорџ на фотографијата има широка насмевка, а сите забележаа колку личи на принцот Вилијам...
Британскиот принц Џорџ, синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на 22 јули го прослави својот 8-ми роденден, а обожавателите на британското кралско семејство ги воодушеви фотографијата, која ја објавија неговите родители по повод овој ден.
Имено, војводата и војвотката на официјалниот Инстаграм профил објави фотографија од момчето во преслатка поло маица „Џон Левис“ и шорцеви „Боден“ во морнарски стил.
Со овој стајлинг Кејт и Вилијам уште еднаш покажаа дека сакаат да останат во границите на „нормалните семејства“, без претерување и скапи детали.
Британската јавност безо пронајде детали за неговата облека.
Интересно е што шорцевите чинат 23 фунти и според пишувањето на британските медиуми и понатаму се достапни во продавниците.
Сино-портокаловата маица е уште попристапна и чини помеѓу 8 и 12 фунти и веќе е распродадена ширум Британија.
Кејт, како и кога станува збор за неа самата, секогаш се труди на материјалните работи, како што е облеката, да не трошат голема сума на пари.