Родители кои победиле во давање казна: Имале креативна идеја за синот кој бил насилник во училиште

Родители кои победиле во давање казна: Имале креативна идеја за синот кој бил насилник во училиште

Објавена во: Совети // Семејство

Нема шега со овие родители...

Нема оправдување за матретирањето и булингот и овие родители тоа добро го знаат. Нивната казна стана вирална и сите се сложуваат дека е навистина креативна, а се надеваат и ефективна.

Најчеста казна која сите ја добиваат од родителите кога нешто ќе зезнат е „нема излегување од дома неколк дена“. Иако и тоа тешко им паѓа на децата, не е нешто што навистина некој ќе го научи на лекција. Од друга страна, тука се овие родители чие смислување на казните е на сосема друго ниво. Ова е лекција која нивниот син добро ќе ја запамети. Кога дознале кој е виновен за булингот во училиште, поточно, дека малтретирал некој во одделението, сфатиле дека тоа е сериозно и одлучиле да го научат на лекција. Еден случаен минувач снимил сѐ и станале хит на интернет. Доколку мислиш дека твојата казна некогаш била лоша, почекај да ја видиш оваа.

@userxgwig52jip

Dads a bully

original sound - Gavin Klein

Направиле голем транспарент со натпис „Јас сум насилник. Свирни доколку не сакаш насилници“ и го оставиле синот да стои со транспарентот покрај улица, претпоставуваме покрај нивната куќа. За да бидат сигурни дека ќе ја изврши казната, двајцата си извадиле столчиња и седнале малку подалеку, за да го следат. Со оглед на тоа што ова не е пристап на казнување кој вообичаено го користат родителите, некои ги осудија, бидејќи сметаат дека јавното срамотење не е вистинско решение за да се научи некој на лекција, додека други тврдат дека казната е генијална и дека ова сигурно ќе го научи дека такви работи повеќе не смее да прави.

фото: TikTok - userxgwig52jip; Rawpixel.com / Shutterstock


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: