Родителите го крстиле својот син пред да гo исклучат од апаратите: Она што следеше потоа ги остави сите „без здив“ (ВИДЕО)
Родителите
го крстија синот и во солзи се простија од него. Она што следеше ги остави сите
запрепастени. Немаа на ум што се може да се случи.
На тригодишниот Дилан Аскин му била дијагностицирана ретка форма на рак на белите дробови, но по само еден месец лекување колабирал на училиште. Мало момче од Дерби, Англија го чекаше долг пат за опоравување. Но, одеднаш сè тргна надолу.
Реткиот рак на белите дробови на Дилан, професионално наречен пулмонална хистиоцитоза на Лангерхансовите клетки, формирал цисти во неговите бели дробови, што му го отежнувало дишењето.
Откако почнал со хемотерапија, прогнозите биле добри. Но, откако колабирал на училиште, итно бил пренесен во болница, каде лекарите откриле дека животот на Дилан „виси на конец“.
Имено, додека тој бил на училиште, белите дробови на Дилан почнале да откажуваат. Лекарите биле принудени да го стават на апарати за одржување во живот и бил примен на интензивна нега во педијатрискиот оддел во болницата. Како да не беше доволно страшно за неговото семејство, Дилан исто така добил тешка инфекција по што неговите органи почнале да откажуваат.
Докторите соопштија тажна вест на родителите
Температурата на Дилан постојано варирала, а неговото срце чукало 200 во минута. Лекарите имаа тажни вести кој ниту еден родител не сака да ги слушне.
Кери (29) и Мајк (36) знаеле дека нивниот син страда, а неговото ниво на кислород паднало кога предложиле да го тргнат од животна поддршка. Беше Велики петок.
Кери изјавила дека всушност било чудо што Дилан преживеал толку долго. Неговите бели дробови за прв пат почнале да откажуваат во јануари 2016 година, а рендгенските снимки покажаа дека тој не требало да го преживее тој итен прием.
„Мајк и јас само размислувавме за неговите браќа, прашувајќи се дали сме себични што се држиме за него толку многу кога тој мора да си оди. Тој бил многу близок со своите браќа. Тоа беше многу тешка одлука, но лекарите рекоа дека органите му откажуваат и дека ништо не може да се направи“.
Родителите го крстиле момчето
Мајк и Кери Аскин затоа го крстија своето русокосо момче и во солзи се простија од него. Таму бил и нивниот постар син, шестгодишниот Брајс.
За бебето Логан се грижеле други луѓе додека тие биле во болница. По процесот на исклучување од машината за одржување во живот, следеше нешто што ги остави запрепастени.
Дилан почнал да ги движи нозете. Не требало воопшто да се движи ако навистина беше мозочно мртов од недостаток на кислород. Затоа, лекарите набрзина направија неколку тестови. Откриле дека неговиот мозок сè уште функционира и дека тој навистина може да преживее.
Лекарите поради тоа го оставиле ова храбро момче на апарати за одржување во живот и тој останал во болница уште неколку недели за да закрепне. Кери изјави за Телеграф дека целото искуство било чудесно.
„Не се надеваме на ова, само седевме до него, а во текот на викендот тој стана посилен. Тоа беше Божјо чудо“.
Дилан сега е дома и е во процес на лекување од циста на белите дробови. Бидејќи белите дробови му колабирале порано, а имунолошкиот систем му е слаб, семејството се грижи дека тој ќе добие смртоносна инфекција во текот на зимската сезона. Но, тие засега едноставно уживаат во секоја минута од своето момче, кое храбро се бореше против смртта, кога сите мислеа дека тоа е невозможно.