Родителите на Били Ајлиш: Сакавме да ја испратиме на лекување поради љубовта кон Џастин Бибер
Опседнатите фанови се нешто со што мораат многу големи ѕвезди да се борат, а често зад тоа настануваат и поголеми проблеми кои не може да се решат по мирен пат. Истото и се случило и на Били Ајлиш која неодамна имаше проблем со опседнат обожавател кој и дојде дома и моментално има забрана за да и приоѓа - меѓутоа, таа како тинејџерка исто така имала една опсесија толку голема, што нејзините родители се грижеле за неа, а тоа бил Џастин Бибер.
Можеби и вие како млади толку сте го сакале Џастин Бибер што вашите родители се прашувале што да прават со вас, можеби така сте се однесувале поради некој друг, но Мили во медиумите поради своето вакво однесување ја доби титулата Биберка број еден. Нејзината мајка Меги за шоуто на Apple Music откри дека таа и нејзиниот маж Патрик размислувале да ја носат на лекување, бидејќи била „луда“ за Џастин. „Морам да кажам дека размислувавме да те испратиме на терапија колку беше луда по Џастин Бибер. Тоа беше толку силно чувство што ти создаваше страдање“ - се присетува мајката на Били.
Омилената песна на Били, а можеби и најдрага песна на сите времиња од било кој изведувач е песната „As Long As You Love Me“ од Џастин и нејзините родители знаат колку и значи таа песна. Што ја пуштиле оваа песна во шоуто, можело да се забележи колку е Били емотивна! „О, Боже, таа плаче, морам да го снимам ова“ - рече нејзината мајка, а веднаш потоа ја исклучија песната.