Ни течеа солзи како дожд: Родителите на момче со три тумори на мозокот добиле вест која ги расплакала
На момчето Дејвид Лали од Брајтон му биле дијагностицирани три големи тумори на мозокот и неколку помали, откако се пожалил на силни главоболки и чувство на треперење во десното око.
Но, по неколку месеци хемотерапија со повеќекратни кругови за да се обиде да ги намали туморите, Дејвид ја доби шокантната, неверојатна и среќна вест - нема повеќе тумори во неговото тело.
Во Божји раце
Британската јавност првпат слушна за Дејвид во 2021 година, кога неговиот татко Крис го опиша искушението на семејството како ментално исцрпувачко, пред да додаде дека животот на неговиот син е во Божји раце.
Крис и неговата сопруга Кели истакнаа дека плачеле како дожд кога докторот ја објавил добрата вест, бидејќи веќе се помириле со фактот дека ќе го загубат синот и дека е прашање на време кога тоа ќе се случи , пишува Liverpool Echo.
- Само се погледнавме и почнавме да плачеме како дожд. Ако погледнете наназад сега каде требаше да започне, тоа е неверојатно. Не знам како го направи тоа. Искрено мислев дека ќе го изгубиме. Тоа е тешко. Многу е тешко. Не би го посакал тоа на мојот најголем непријател. Секогаш сакавме да се бориме за него, но јас бев многу загрижен. Немаше ништо во наши раце – изјави Крис.
„Малиот борец“
Мајката на момчето Кели (34) рекла дека Дејвид цело време бил „мал борец“, додека таткото опишал како се однесувале кон својот син кога дознале за болеста.
– Никогаш не му кажавме дека има рак, само рековме дека треба да се ослободи од некои грутки. Странец на улица му кажа за туморот, па моравме да седнеме и да објасниме што се случува. Му кажавме дека заедно сме во борба. Се што ќе помине тој, ние ќе поминеме со него. Тој е голем љубител на боречките вештини и му кажавме дека борачот Роман Рејнс го победи ракот - изјави Крис.
Крис и Кели со нетрпение очекуваат Дејвид повторно да стане нормално 10-годишно дете откако пропушти повеќе од една година од својот живот и се среќни што конечно можат да продолжат понатаму и што најтешкиот дел од борбата е зад нив.