Романтични филмови кои немаат среќен крај: 9 наслови чии завршетоци би можеле да ве расплачат (ВИДЕО)
Иако знаеме дека крајот ќе им биде таков и понатаму може да не расплачат...
Повеќето романтични филмови имаат среќен крај и затоа токму многу ни се допаѓаат овие филмови - затоа што се различни. За главните ликови нема среќен крај и поради тоа делуваат пореалистични од оние со „и си живеле среќно до крајот на животот“.
Не дека сакаме да ве расплачеме, но ако ви е доста од типичните романтични филмови, тогаш оваа листа е за вас. Сакаме главните ликови да завршат заедно и да бидат среќни до крајот од филмот, но тоа не се случува со овие. За некои поради ова, овие филмови се пореални, бидејќи многу пати во животот се случува љубовта да не успее и двојката, колку и да изгледа идеална, да не остане заедно. За други, овие филмови се едноставно тажни.
Тие исто така може да ти помогнат и ако моментално поминуваш низ разделба, бидејќи ќе ти покажат и дека и овие врски не успеале и ќе те утешат. Како што во реалниот живот некои љубови немаат среќен крај, так аи во овие 9 филмови. Сепак, без разлика на тоа, овие филмови се навистина романтични.
# Someone Great
Иако овој филм не е тажен на начин на кој ќе плачеш додека го гледаш, може да биде тажен за вас ако во моментов поминувате низ раскинување. Џени штотуку помина низ раскинување и нејзините пријатели ѝ помогаат да го преболи тоа. Иако за момент изгледа дека таа и нејзиното поранешно момче ќе се смират, тоа не се случува.
# A Walk To Remember
Филмовите во кои болеста се вмешува и ги нарушува плановите на еден млад пар е нешто што никогаш не можеме да го гледаме рамнодушно до крај. Овој е таков филм. Крајот сигурно ќе те расплаче.
# Five Feet Apart
Пар кој се запознава во болница и се заљубува еден во друг, но боледува од болест поради која не смеат да се доближат еден до друг или да се допрат. Филмот е симпатичен, но крајот помага оваа приказна да се вброи во оние тажни приказни.
# Me Before You
Љубовна приказна која започнува случајно и неочекувано и завршува трагично е темата на оваа листа, а овој филм е совршен за гледање доколку типичните романтични филмови ти здодеаа. Тој прикажува малку поинаква љубовна приказна, која за жал нема да има среќен крај.
# Brokeback Mountain
Енис и Џек се двајца овчари кои се заљубуваат еден во друг и развиваат многу интимна врска. Нивната врска станува комплицирана кога и двајцата стапуваат во брак со деовјки и им станува потешко да ја одржат врската, иако меѓу нив има голема љубов и страст.
# The Fault in Our Stars
Кога приказната вклучува двајца тинејџери кои имаат рак, знаете дека приказната не може да заврши добро и среќно. Ако го немаш изгледано овој тинејџерски филм, заснован на книгата на Џон Грин, дефинитивно треба да го направиш тоа.
# Titanic
Сите знаеме за овој филм, ни секогаш можеме да го гледаме повторно. Љубовната приказна на Џек и Роуз заврши трагично - не е спојлер бидејќи тоа веројатно сите го знаат. Роуз требаше да се помести малку!
# Seven Pounds
Иако не е типичен романтичен филм, добар дел од филмот има елементи на романтичен филм. Главниот лик Тим учествува во несреќа во која загинуваат седум лица, вклучувајќи и неговата љубов - Сара. Вината го проголтува и на тој начин решава да спаси седум добри луѓе на кои најмногу им е потребна неговата помош. Во меѓувреме се заљубува во девојка по име Емили и како завршува приказната? Нема да ти го расипеме, но можеби ќе пуштиш солза кога ќе стигнеш до крајот.
# Call Me By Your Name
И конечно, една летна љубовна приказна. Тажно, се разбира. Тимоти Шаламе е тука во главната улога, 17-годишник кој се заљубува во многу постар маж. Нема да откриеме многу, но можеби ќе заплачете заедно со некој од главните ликови.