Роналдо повеќе заработува од Инстаграм: Од цифрата која ја зима може да ви се заврти во главата
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо можеби не е најбогатиот фудбалер на свеотт, но најмногу заработува од социјалните мрежи...
Ѕвездата на Јувентус, која ја уновчи од секој аспек својата појава на теренот и надвор од него, заработи околу 45 милиони евра за една година само од Инстаграм.
Тоа се навистина повеќе пари од неговата заработка во Јувентус на годишно ниво, бидејќи тој таму зима околу 31 милион евра (овој податок е од 2019).
На листата спортисти кои најмногу заработуваат од оваа социјална платформа се наоѓаат и Меси, Дејвид Бекам, Нејмар, Златан Ибрахимовиќ, Роналдињо и Роберт Левандовски.
Меси има скоро половина помалку од Ронално - 27 милиони евра, пензионираниот Бекам го одржа својот статус и има приход од 10,3 милиони евра, Нејмар - 7,2 милиони евра.
По нив следи Ибрахимовиќ со 6,7 милиони евра, па потоа Роналдињо со 4,8 милиони евра и последен е Левандовски со 3,8 милиони евра.
За потсетување, Кристијано е првиот маж кој го помина рекордот од 100 милиони следбеници на Инстаграм и тоа пред три години. Пред него тоа го направија Селена Гомез, Ариана Гранде, Тејлор Свифт и Бијонсе. Роналдо моменталн оима над 220 милиони следбеници и најмногу заработува од спонзорствата со Најк, Сикс пед и производството на парфемот CR7.