Росана за Антониа: „Мора да направи кариера затоа што со таков вокал кој не би ја посакал“!
Веќе докажаната пејачка Росана Сариќ Тодоровска, која со својата сестра Маријана го отпеаа прочуениот хит „Признавам“, некако се повлече од музичката сцена. Но, и покрај тоа таа се уште ги следи најновите случувања, а богами и новите ѕвезди.
Овој пат таа не ги штедеше пофалните зборови за младата Антониа Гиговска, на една објава на Фејсбук го напиша следниот коментар:
„Јас сум реална и искрена... оддамна во Македонија се нема појавено ваков вокал... Антониа е подобра од многу други пејачи кои се веќе со години и со искуство... но, за да се искористи овој волшебен глас и стас што го има нашата Антониа мора да гради надвор од нашите граници... она мора да направи кариера затоа што со таков вокал уф... кој не би ја посакал... од композитори... менаџери... само напред лепотице... само напред“.