Розева боја насекаде, животински дезени и кич: Сега може да престојувате во Барби куќа (ФОТО)
Сите љубители на куклата Барби ќе го обожуваат ова сместување кое е посветено на оваа кукла и во потполност инспириран од неа...
Ако некогаш сте посакале додека сте на одмор да престојувате во куќичка која ѝ е посветена на куклата Барби, тогаш ве советуваме да упатите на плажата Camber Sands во источен Сасекс, Велика Британија, бидејќи куќичката Dixie Daydream ќе биде остварување на вашите соништа.
Бојата која преовладува во оваа куќа, секако е розевата, со некои детали, како што се софата или столчињата, во друга боја. Исто така, е неверојатно кич и изобилува со животински дезени, како што се тигри, зебра и леопард дезен.
Оваа куќа се состои од три спални соба и еден и пол тоалет, а како што пишува „Her“, во својот розев, кичест интериер може да смести до 6 возрасни личности.
Покрај неа има и базен, со кој само би се надополнило ова раскошно искуство.
Цената на ова сместување, за престој на 6 личности, изнесува помеѓу 600 и 700 фунти за седум деца.
фото: Принтскрин / Инстаграм