Розовата е новата црна: Зошто оваа сезона сите ќе купуваат нешто розово, иако не ја сакаат таа боја?
„Barbiecore“ лудилото ги фати познатите, а и социјалните мрежи се во знакот на живописната розова боја...
Иако „Barbiecore“ трендот се појави уште минатата година, во 2023 година дефинитивно зема замав, особено по најавата за филмот „Barbie“, кој наскоро ќе биде прикажуван во кината.
Ако „Barbiecore“ естетиката ви е апстрактен поин, ќе ви кажеме дека тоа е мода инспирирана од куклата Барби. Оваа естетика црпи инспирација од „mainstream“ стиловите за девојките во текот на доцните 90-тите и раните 2000-ти. Станува збор за период кој моментално најмногу не инспирира, како за шминка, така и за фризурите и модата воопшто.
@mermadehair POV: you’re a Barbie girl in a Barbie world #barbiecore #barbiecoreaesthetic #barbiegirl #fashion Barbie Girl (Cover) - Розовая пантера
„Barbiecore“ трендот ја слави розовата боја и „хиперженствениот“ разигран изглед. Ако само пребарате некоја социјална мрежа, како на пример ТикТок, ќе налетате на разни туторијали кои веднаш ќе ве инспирираат за во својата облека да внесете нешто розово, дури и ако не ја сакате таа боја.
И познатите дами ја прифатија Барби во себе и купија и почнаа да носат розова облека - мини здолништа, топови, фустани, комбинезони или фармерки со широки ногавици, со додавање на неизбежните розови платформи на нозете. Тука се пердувите, светките и модните додатоци како мали розови чанти, очила во форма на срце, розови гумени ленти или шноли за коса. Едно е сигурно - никогаш не е премногу од розово.
Но, лудоста на „Barbiecore“ не застанува само на вашата гардероба, туку можете да ја примените и во вашата следна рутина за шминкање. За разлика од естетиката „clean girl“, која го промовира изгледот без шминка, „Barbicore“ шминката значи враќање на понагласената шминка.
Можеби на усните ќе нанесете розов кармин, можеби малку повеќе ќе ги истакнете очите со моливче или ќе си поиграте со розовите сенки и руменила, но ако ја сакате розовата боја - радувајте се, бидејќи оваа сезона розовата ќе биде новата црна.
фото: Принтскрин / Инстаграм