Руши предрасуди: Девојката со Даун е успешен Олимпиец и модел
Четири пати го освои Американското гимнастичарско првенство, два пати пати Светско првенство, а покрај тоа е и модел. Челси Вернер ги руши сите предрасуди за луѓето со Даунов синдром.
„На самиот врв сум во гинастичарскиот свет скоро десет години. Се уште уживам во тоа, но не ми е тоа се на светот. Добив прекрасни можности во моделингот и сфатив дека тоа го сакам“ - вели Американката Челси Вернер, на која при раѓањето и е дијагностициран Даунов синдром.
25 - годишната девојка има проодено на 2 години и докторите предвиделе дека ќе има слабо движење на мускулите, но Челси ги демантираше нивните предвидувања. Се има испробано во разни спортови, но најмногу ја интересирала гимнастиката. Напорно тренирала и нејзиниот труд се исплател. Четири пати го освоила Американското првенство, а два пати Светското првенство.
„Сметам дека гимнастиката ме научи на дисциплина и упорна работа. За некои движења треба многу време додека да се научат и мислам дека кога успеав ми се подигна самодовербата“ - раскажува успешната девојка.
Освен успешната гимнастичарска кариера, Челси доби и неколку можности во моделингот и соработки со големи брендови. Во 2016 година ја сними својата прва кампања, а истата година се појави и на Њујоршката модна недела.
„Отсекогаш сакав да бидам пред камерите. Многу сум позитивна и во животот не гледам никакви пречки. Тврдоглава сум и упорна, напорно работам и тоа секогаш се исплати“ - рече Американката која сака нејзината приказна да биде поттик на другите да не се откажуваат од своите соништа и да се трудат да ги остварат.