Сè е измама: Најавеното бизарно шоу на Џастин Бибер е една обична лага

Сè е измама: Најавеното бизарно шоу на Џастин Бибер е една обична лага

Објавена во: Stars // Филм

Џастин Бибер е многу активен оваа година, па многумина не останаа зачудени што беше најавена и неговата прва изложба. Сепак, соопштението со кој овој настан беше најавен звучеше крајно бизарно, особено бидејќи се наведуваше дека е во прашање некакво еротско шоу.

Во соопштението за медиумите, наведено е дека овој настан ќе се вика „Paintings from Space“ и дека ќе се одржи во Њујорк. „Овие дела евоцираат интимност, детски соништа и семејство, а сè со дел еротика, задоволство и истражување на сексуалниот идентитет“ - стои во е-маилот. „Овие дела го изразуваат природното чувство за слобода и напуштеност. Иако тие се плод на свесна работа, поврзани се за формален тренинг и историски рамки. Ова се навистина оригинални дела“.

Понатаму, наводните организатори на изложбата најавија дека Џастин ќе ја посети на почетокот на ноември, а дека половика од сликите дека се однапред продадени и тоа за стотици илјади евра. За среќа, поединечни медиуми како „Page Six“ се обратија кај тимот на Џастин и добија потврда дека сето ова е лажно. Иако Џастин има склоност кон уметноста, тој никогаш не ни споменал дека сонува за сериозно да му се посвети на сликањето.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: