Сè поради коронавирусот: Кои филмови и серии се одложуваат?
Филмската индустрија презема сериозни мерки за безбедност во поглед на ширењето на коронавирусот.
Филмските продукции се на чекање. Се одложуваат датумите на објавување на некои филмови и серии. Дури и долгоочекуваните филмови како новото продолжението на Џејмс Бонд, потоа серијата „Riverdale“, мораше да бидат одложени поради коронавирусот, пишува PopBuzz.
Помеѓу одложените филмовите и серии е и продолжението на хоророт „A Quite Place“, за кое се уште нема нов датум на објавување и играната верзија на култниот цртан филм „Мулан“.
Најпопуларниот филм, кој е одложен поради појавата на коронавирусот дефинитивно е „Fast and Furious 9“. Датумот на објавување на филмот е поместен за цела година. Новото продолжение ќе бдие објавено дури на 2 декември 2021 година.
Филмот „James Bond: No Time To Die“ светлината на денот ќе ја здогледа на 25 ноември, иако првичниот план беше во кината да се пушти на 10 април.
Кое од овие одложувања ви падна најтешко?