Сè започна да се менува од неа: Какви промени во кралскиот двор донесе принцезата Дајана?

Сè започна да се менува од неа: Какви промени во кралскиот двор донесе принцезата Дајана?

Објавена во: Живот // Живот

Промените во кралското семејство започнаа од неа...

Принцезата Дајана беше позната и како „народна принцеза“, а стана и популарна икона кога се омажи за принцот од Велс.

Во раните години од бракот, поточно во 1983 година принцот и принцезата од Велс заминаа на турнеја во Австралија. Патувањето беше голем пресврт за двојката и го обелижи и првото патување на принцезата во странство.

Турнејата во тоа време постигна голем успех, а Дајана ги воодушевуваше сите кои ќе ја сретнеа.

Освен што ова беше прво патување на Дајана, тоа беше и прво патување на нејзиниот син, принцот Вилијам.

Тие патуваа низ Австралија пред да се упатат кон Нов Зеланд.

Меѓутоа, со тоа што го носеше 9 - месечното дете во странство, Дајана всушност го прекрши кралскиот протокол.

Според него, два наследника не смеат да патуваат заедно со цел зачувување на наследната лоза.

Двајца наследници исто така не може да патуваат заедно со авион, доколку кралицата не им одобри.

Се зборува дека Дајана наводно одбила да го остави принцот Вилијам дома. Меѓутоа, носењето на Вилијам е она што ја направило поинаква оваа турнеја.

За време на истата, двојката со наследникот привлекла многу луѓе, а само околу 200.000 се собрале во Мелбурн.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: