Саѓите од оџаците сакаат да ги претворат во мастило за пишување: На 5 ученици од СУГСГ „Орце Николов“ им се потребни 30.000 денари за реализација на идејата
„Дали сте знаеле дека може да ги печатите вашите документи со загаден воздух?“ - со ова прашање започнува објавата која може да ја најдете на Фејсбук профилот на СУГСГ „Орце Николов“.
Имено, 5 ученици од оваа гимназија, кои го сочинуваат тимот luftON, дојдоа на идеја да оформат ученичка компанија, која саѓите на веќе постоечките оџаци и филтри ќе ги употребува за производство и продажба на мастило за печатење.
Тие се еден од победничките тимови од UPSHIFT програмата и сега им е потребна поддршката од сите во постигнувањето на оваа цел.
„Нашите ученици веќе го започнаа процесот на прочистување на саѓите и добивање на мастило кое треба хемиски да се тестира. Во моментот потребни им се 30.000 ден. за да го продолжат процесот и да набават материјали за производство и пакување на мастилото.“ - објаснете е во објавата која може да ја најдете на Фејсбук страницата на гимназијата, чии ученици се токму овие млади луѓе.