Сајрус е новата четириножна ѕвезда на TikTok: Преслаткото кученце-волк, старо 3 месеци веќе има 16 килограми
Сајрус е мешавина од домашно куче и волк и веќе може да се каже дека е главна ѕвезда на TikTok.
Ова „мало“ куче волк е старо само 12 недели а беше објавено од д-р Линдси пренесува хрватски Индекс.
И покрај тоа што е сеуште бебе, Сајрус тежи 16 килограми, а ветеринатката едвај успеа да го држи во раце.
Сајрус била во посета на д-р Бацер со цел за да прими втора доза на вакцина, а ветеринарката ја искористила можноста да ја промовираи да открие дека таа е мпремногу мила, сака гушкање и ужива да си игра со поголеми кучиња како германски овчари и добермани.
Инаку, Хибридите куче-волк се легални во Флорида.Сепак, тие се сметаат за диви животни во заробеништво, а не за домашни миленици, а нивните сопственици мора да добијат посебна дозвола за да ги чуваат.
Кучињата-волци како Сајрус можат да тежат и до 50 килограми, иако д-р Бацер истакнува дека Сајрус е помал од неговите браќа и сестри кои исто така доаѓаат во нејзината канцеларија.
Мајката Кир е 40 отсто волк, 30 отсто маламут од Алјаска, 20 отсто германски овчар и 10 отсто хаски. Неговиот татко е мешавина од волк (20 проценти), сибирски хаски (60 проценти), а има и гени на маламут и германски овчар.
Фото: Instagram/lindsaybutzerdvm