Сакајќи да ѝ помогне на ќерката, еден татко ја „докрајчил“: Ја засрами пред згодно момче, по што тинејџерката се сокри под маса (ВИДЕО)
Девојката го забележала презгодниот келнер во ресторанот, а потоа татко ѝ се одлучил да се вмеша и расипал сѐ...
Родителите се личностите кои нѐ сакаат најмногу на светот и кои би направиле сѐ за нас. Но, некогаш патот до пеколот е поплочен со добрите намери и додека родителите мислат дека направиле нешто добро за нас, всушност тие нѐ имаат засрамено.
Така и еден татко стана интернет сензација. Додека тој и неговата ќерка биле во ресторан, тој му се обратил на згодниот келнер, кој поминувал покрај нивната маса и му кажал: „Еј, мојата ќерка мисли дека си сладок“. Тинејџерката сакала да пропадне во земја од срам, па дури се сокрила под масата, а згодниот келнер само се насмеал и се заблагодарил.
Дали таткото сфатил дека со ова ѝ направил лоша услуга на својата миленичка и дали ќерката му простила за овој потег, останува непознато.
фото: Принтскрин / ТикТок