Сакаш да гледаш нешто поради што нема да спиеш? Хорор кој со денови е во топ 10 најгледани филмови

Сакаш да гледаш нешто поради што нема да спиеш? Хорор кој со денови е во топ 10 најгледани филмови

Објавена во: Stars // Филм

Особено добар ефект дава доколку го гледаш пред спиење...

Наскоро доаѓа оној период од годината кога хорор филмовите се во фокус, бидејќи за еден месец доаѓа Ноќта на вештерките! Нетфликс веќе почна да ги објавува новите страшни хорори, а еден особено им падна во око на гледачите.

„Midnight Mass“ е кратка хорор серија од 7 епизоди, но и тие 7 се доволни за добро да те уплашат. Од моментот кога се појави на Нетфликс, постојано е на врвот на листата на најгледани серии и филмови. Сите ги интересира за што станува збор, а кога еднаш ќе почнеш да ја гледаш, нема да можеш да застанеш. Гледачите оставаат рецензии кои звучат добро и наговестуваат дека станува збор за една хорор серија која треба да ја изгледаш доколку го претпочиташ овој жанр.


Сценариото е сместено во една мала заедница на остров која е „одвоена“ од остатокот на светот. Одеднаш, откако им доаѓа мистериозен млад свештеник, почнуваат да се случуваат многу чудни работи. Серијата поставува многу прашања околу христијанството, но во фокус е сепак хоророт како жанр. И изгледа дека е добро склопена, бидејќи луѓето тврдат дека серијата е изненадувачки добра. Обично никој нема преголеми очекувања од хорор сериите, но оваа се покажа како страшна и која нема да ти дозволи лесно да заспиеш. Во рецензиите сите се малку шокирани од тоа колку им се допаднала. Не е традиционален хорор со духови и демони, но има го има она нешто.

Започнува малку бавно, но како што поминуваат епизодите, сценариото станува сè подобро и подобро, ликовите се развиваат и ќе почнеш да се приврзуваш за нив. Вистински модерен хорор, кој помеѓу останатото ќе те поттикне да размислуваш. Оваа серија започни ја кога ќе имаш концентрација, бидејќи, не е хорор кој само ќе го пуштиш во позадина и понекогаш ќе го погледнеш додека се допишуваш со пријателите.

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: