Самиот си го претвори животот во пекол, а потоа кажа - ДОСТА: Необичниот пат на ѕвездата која хипнотизираше милиони девојки
Ако еден ден се сними филм за познатиот пејач, тој сигурно ќе привлече многу внимание поради сценариото кое не се гледа често...
Тој е една од најголемите светски ѕвезди на денешницата. Што се однесува до неговиот професионален пат - тука никогаш немало проблеми и никогаш ништо не било спорно. Секогаш објавува хитови и со секој следен ја зголемуваше армијата обожаватели.
Меѓутоа, неговиот приватен живот често одеше во друг правец. Можеби најдобро може да се опише со фразите - апсолутно уништување, апсолутен хаос, апсолутно лудило...
Некое време беше лошо момче. Имаше проблеми со полицијата, имаше проблеми со дрогата, малку недостасувало неговата мајка, која била сексуално злоставувана да абортира кога била бремена со него...
Татко му не бил тука за него додека бил дете, бидејќи според некои бил поголемо дете од него... Денес е смирен, не е повеќе толку млад, луд, незрел, неконтролиран, но и понатаму ги трпи последиците од своето порано детство.
Сегашноста ретко му простува на минатото, па така и денес се бори со психилошки проблем, чиј корен лежи во гревовите од младоста...
А, тој е - Џастин Бибер!
Неговиот музички пат секогаш бил кристално јасен. Тоа веќе го кажавме. Популарни песни, армија обожаватели и сѐ што оди со тоа. Така што со тоа повеќе нема да се занимаваме. Меѓутоа, таков успех за една толку млада личност, поточно дете, не може, а да не остави последици.
Почна да пее на 12 години и заврши како втор на едно локално натпреварување во Канада. На 15 години го објави првиот хит „One time“. Легендата вели дека менаџерот Скот Браун случајно го открил кога кликнал на едно негово видео на Јутјуб, по што му го споменал тоа на уметникот Ашер, кој му помогнал да влезе во музичката индустрија. Останатото е само музичка историја.
Пати Малет го родила БИбер на само 17 години. Пред тоа била и жртва на сексуално злоставување. А, таткото на Џастин, Џереми, исто така многу млад во тој момент, повеќе не бил со нив, отколку што бил. Така, родителите на Пети многу помогнале во растењето на малиот Џастин.
На мајка му на Бибер често ѝ е поставувано прашањето како толку млада не абортирала додека била бремена со пејачот. Пријателите и семејството ја охрабрувале на тој чекор. Кога ќе се додаде и дека имала проблеми со дрога, како и дека се обидела да изврши самоубиство, тоа изгледало како полесен излез. Сепак, тоа не било опција за неа. Иако во не толку добра ситуација, решила да го задржи бебето.
Додека уживаше во својот неверојатен подем и пат до ѕвездите, Џастин правеше бројни проблеми и редовно ги полнеше и оние не толку весели рубрики во весниците. Една жена го обвини дека е татко на нејзиното бебе, потоа беше обвинет дека го плукал соседот, а потоа и дека му се заканувал.
Нешто подоцна, соседите од квартот на Бибер во Калабасас, Калифорнија се жалеле на неговото диво возење, со кое ги загрозувал сите во околината.
Потоа, во домот на Бибер во Калифорнија влегла полиција, откако бил обвинет дека со јајца удирал во куќата на соседите. Неколку дена подоцна, бил уапсен поради сомневање дека возел трки и дека возел под дејство на алкохол. Откако алко-тестот покажал дека е во алкохолизирана состојба, бил сместен во притвор, каде останал додека не платил кауција од 2.500 долари. Неговото видео додека прави тест во полициската станица, како и фотографиите од апсењето на кој има насмевка од уво до уво, се популарни и денес.
„Милиони (обожаватели) говореа колку ме сакаат и колку сум прекрасен. Ги слушаш овие работи повеќе пати и како дете всушност почнуваш да веруваш во тоа... Така, тогаш имав 18 години, но без никакви вештини во реалниот свет, со милиони долари и пристап на сѐ што ќе посакав. Ова е застрашувачки концепт за било кој. Верувајте ми“ - напиша во една прилика пејачот на Инстаграм.
Покрај своето лошо однесување, Бибер често се појавуваше на насловните страници поради својата врска со Селена Гомез. Некое време беа заедно, некое не. Интересно е тоа што и денес често се зборува за еден твит на денешната сопруга на Џастин, Хејли Бибер, ќерката на актерот Стивен Болдвин, која во тој период ја поддржуше врската на Бибер со Селена.
Џастин исто така призна дека уживал во опијатите. Марихуана почна редовно да користи како млад тинејџер, на само 12 години. Како што самиот зборуваше, со текот на времето станал зависен од марихуана, а подоцна во својот „колаж“ внесувал и алкохол, и некои посилни дроги, како што се пилули, МДМА, психоделични печурки... Со други зборови конзумирал „сѐ“. Подоцна признал дека тогаш се чуствувал како да умира.
„Моето обезбедување навечер доаѓаше во мојата соба за да го провери мојот пулс. Луѓето не знаат колку сериозно стана тоа. Беше навистина лудо и застрашувачки. Наутро се будев и првото нешто што го правев беше тоа што пиев таблети и пушев. Така ми почнуваше секој ден. Едноставно стана страшно“ - зборуваше Бибер.
Скутер Браун, долгогодишниот менаџер на Бибер вели дека пејачот од 19 до 21 година бил во многу „мрачен период“.
„Помина низ многу работи во толку краток живот. Не се согласував со неговите одлуки во тој период“ - кажа Браун.
И Бибер денес во потполност се согласува со него.
„Понекогаш ж животот ви фрла работи кои не можете да ги контролирате. На некои луѓе можеби нема да им изгледа толку тешко да станат од кревет наутро, но на мене навистина ми беше тешко да станам од кревет. И знам дека многу луѓе така се чувствуваат, па сакам да кажам дека не се сами во тоа. Има луѓе кои тоа го поминуваат со мене. Животот е вреден за да се живее“ - неодамна зборуваше пејачот.
Меѓутоа, последните години Џастин значително се смири. Беше во центарот на медиумското внимание кога неодамна му се вкочани лицето, а овие денови повторно е присутен во медиумите бидејќи откажа голем дел од своите настапи. Не ги наведе причините, но ни не крие дека и понатаму има проблем со депресијата и анксиозноста. Меѓутоа, денес е потполно поинаков. Барем тој така вели. Се ожени со Хејли, ќерката на актерот Стивен Болдвин, која му е голема поддршка и ветер во грб.
„Моето минато, моите грешки, сите работи низ кои поминав. Верувам дека сега сум таму каде што треба да бидам и дека Бог сега сака да сум на вистинското место. Сите имаме различни приказни. Возбуден сум што мојата ја споделив со вас“ - вели оваа светска ѕвезда, која уште нема наполнето ни 30 години.
Секој од нас очекува уште многу хитови од него. Кој знае, можеби некој познат режисер еден ден ќе направи филм за него. Тоа секако би било интересно за гледање.
фото: Принтскрин / Инстаграм