Само две се официјални, не е сигурно колку ги има, а нивниот идентитет е јавна тајна: Како изгледаат ќерките на Владимир Путин?
Ќерките на Владимир Путин се кријат од јавноста и ретко можат да се најдат фотографии на Интернет на кои се гледа како изгледаат денес...
Владимир Путин нема проблем да позира пред камерите без маица, да јава коњ разголен и слично, но кога е во прашање објавувањето на било какви приватни информации, тука повлекува дебела линија.
Всушност, во текот на сите овие години, за рускиот претседател кружеа разни приказни, особено кога е во прашање неговиот љубовен живот, а покрај тоа што се шушкаше дека имал десетина љубовници, не е познати ни колку наследници има.
Само две ќерки му се официјални - Марија и Јекатерина, и нив ги има добиено во бракот со првата сопруга Људмила Александровна Очеретнаја, со која бил во брак долги 30 години. Марија е родена во Ленинград во 1985 година, а Јекатерина, односно Катерина, се родила во Германија во 1986 година, кога семејството живеело таму за време на ангажманот на Путин. Двете девојчиња имињата ги добиле по бабите. Прекарот на Марија е Маша, а на Катерина, Катја.
фото: ZUMAPRESS.COM / MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIAКога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојчињата посетувале училиште на германски јазик. Наводно биле исфрлени од училиштето кога Путин станал вршител на должноста претседател, а наставниците ги школувале дома.
„Не ги сакаат сите татковците своите деца, како што тој ги сака своите девојчињата“ - своевремено напишала Људминала на сајтот на Владата на Путин. „Тој ги разгали, додека јас бев таа која мораше да ги дисциплинира“.
Инаку, Марија студирала биологија и одела во медицинското училиште во Москва, додека Катерина дипломирала азиски студии. Двете девојки факултетот го посетувале под лажен идентитет.
Марија има 36 години и работи како медицински истражувач во Москва и живее со сопругот Јорит. Марија и Јорит наводно имаат едно дете.
фото: VLADIMIR ASTAPKOVICH / SPUTNIK / PROFIMEDIAОд друга страна, Катерина живее во луксуз и стекнува богатство. Денес има 35 години и е искусна актробатска танчерка, но има и висока позиција на Московскиот државен универзитет, но и предводи старт-ап компанија вредна 1,7 милиони долари.
Во 2013 година се омажила за рускиот милијардер Кирил Шамалов, меѓутоа се развеле во 2018 година. Бракоразводната парница открила дека заедничкиот имот им вреди дури две милијарди американски долари.
фото: ANDREI RUBLEV'S MUSEUM / EAST2WEST NEWS / PROFIMEDIAИ на крај, се зборува дека Путин има и трета ќерка, но и синови близнаци со поранешната девојка, руската ритмичка гимнастичарка Алина Кабајев. Откако престанала да се занимава со гимнастика, Алина станала пратеник во партијата на Путин, Единствена Русија.
фото: Принтскрин / ИнстаграмРускиот опозициски лидер, Алексеј Наваљни во 2013 година тврдеше дека Путин и Алина биле во брак. На Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи, биле видени како носат бурни, а Алина носеше факел на церемонијата по повод отворањето. Путин постојано ја негира нивната врска.
Поранешната гимнастичарка, наводно во 2015 година ја родила нивната ќерка во Швајцарија, а во 2019 година, според гласините во Москва, ги родила и синовите близнаци, но тоа никогаш не е потврдено. Единствено што се знае е дека рускиот претседател има две внучиња кои се родени во 2012 и 2017 година. „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува“ - кажа еднаш Путин.
Кон крајот на ноември 2020 година во медиумите се појави веста дека Путин, наводно, има ќерка со поранешната чистачка. Елизабета Кривоногих или Луиза Розова, е родена во 2003 година за време на првиот мандат на Путин во Кремљ, додека уште бил во брак.
фото: Принтскрин / ИнстаграмНејзина мајка е Светлана Кривоногих, некогашна чистачка, а сега милионерка која поседува бројни луксузни недвижнини во Москва, Санкт Петербург и Сочи.
#Putin's secret daughter Luiza, 17, dons a Gucci facemask as she shows off her life of luxury on Instagram account unearthed by #Russian president's nemesis Alexei Navalny
— Hans Solo (@thandojo) January 22, 2021
Elizaveta is said to be the love child of President Putin and Svetlana Krivonogikh pic.twitter.com/K6CMf3ozyA
Во светските медиуми и по социјалните мрежи кружат фотографии од оваа тинејџерка и сите коментираат дека навистина личи на рускиот претседател.
фото: Принтскринизвор: wanted.mondo.rs