Само еден македонец ќе се појави на „Оскар популарности“ во Бања Лука, а еве кој е тој!
Изминативе денови сите бевме во треската на најпознатата македонска манифестација „Златна бубамара на популарноста“, но уште поголемо внимание и дадовме и на Оскаровската треска.
Следна во низата манифестации посветени на доделување награди е манифестацијата „Оскар популарности“, која се одржува во Бања Лука. Секоја година во Бања Лука се собираат најзвучните имиња од целиот Балкан.
Годинава, нашиот поп пејач Влатко Лозановски – Лозано, ќе ја има честа да се појави на оваа манифестација. За тоа тој се пофали на својот Инстаграм профил, а за тоа каков Оскар ќе добие останува да дознаеме по 4 март, откако ќе заврши манифестацијата!