Само Теодора Џехверовиќ пееше на денот на масакрот во Цетиње: Нејзините колеги ги откажале настапите, таа забавуваше 500 луѓе во Будва

Само Теодора Џехверовиќ пееше на денот на масакрот во Цетиње: Нејзините колеги ги откажале настапите, таа забавуваше 500 луѓе во Будва

Објавена во: Stars // Музика

Бројни пејачи ги откажаа настапите во Црна Гора на денот на стравичната трагедија во која десет луѓе ги изгубија животите...

Во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост по стравичниот масакр во кој Вучко Бориловиќ на 12 август уби 10 луѓе, 6 рани, пред да биде ликвидиран.

По овој повод се огласија бројни јавни личности кои ја искажаа својата тага и им изразија сочувство на настраданите, а потоа и ги откажаа своите настапи закажани во Црна Гора. Цеца Ражнатовиќ, Бобан Рајовиќ и многу други ги откажаа настапите, но не и Теодора Џехверовиќ, која истата вечер пееше пред полн клуб во Будва.

На социјалните мрежи се објавени фотографии од нејзиниот настап, а на Интернет страница на клубот, се гледа пејачката пред публиката, заедно со танчерите.

„Теодора во петокот, на денот кога се случи трагедијата во Црна Гора, настапи во Будва, во еден тамошен клуб, кој се наоѓа во самиот центар. Во него имаше помеѓу 500 и 600 луѓе, кои таа ги полуде со тверкањето. Пееше и се веселеше, а потоа се фалеше со видеата од атмосферата која успеа да ја направи, без оглед на фактот што целата земја е завиена во црно“ - кажа изворот за „Српски телеграф“ и додаде:

„Некои велат дека газдатата на тој клуб не сакал да откаже и дека Џехверовиќ немала избор. Луѓе, не може некој да ви каже, тој сигурно не можел да ја натера ако таа самата не се согласила. Секако од тој ден, од пладне, се знаеше дека настраделе толку невини луѓе.“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: