Сара Џесика Паркер за првпат ги покажа ќерките: Наполнија 13 години, а на светот дури сега му дозволи да ги види (ФОТО)
Се создаде вистинска фама околу ќерките на Сара Џесика Паркер. Ова е првпат нивната позната мајка да ѝ ги покаже на јавноста.
Сара Џесика Паркер на промоцијата на својот нов филм „Hocus Pocus 2“ ги донесе своите ќерки, близначките Мерион и Табита (13).
Ова е единствена можност со оглед на тоа што актерка внимателно ги криеше од јавноста. Причина? Сакала да израснат како „целиот нормален свет“. Поради тоа, Сара со сопругот Метју Бродерик, направија дом во Њујорк, за разлика од останатите ѕвезди кои живеат во Лос Анџелес.
Познато е дека Сара со децении живее во истиот стан во Њујорк, со сопругот, ќерките и синот.
На папараците им беше строго забрането да ги фотографираат нејзините деца, а кога тие наполнија 13 гоидни, актерката одлучи да ги покаже на светот.
Мерион и Табита, кои актерката ги доби преку сурогат мајка, израснаа во вистински девојки, а за оваа прилика тие беа облечени во фустани и сандали на високи потпетици. Сара и понатаму заштитнички ги прегрнуваше своите девојчиња, а во еден момент им се придружи и Метју.
Сара и Метју го имаат и синот Џејмс, кој има 20 години, а медиумите имаат информација дека тој студира во Њујорк и нема амбиции да се занимава со глума како неговите родители.
фото: Притнскрин / Инстаграм