Сара Мејс: „Бев луда обожавателка на Тоше!“

Сара Мејс: „Бев луда обожавателка на Тоше!“

Оваа недела ви откриваме дел од тинејџерските години на пејачката со уникатен вокал - Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс.

Сите ја познаваат како уникатна, своја, природна, препознатлива по својот стил на пеење и облекување, по обетката со пердув и по специфичната фризура. Ја запознавме пред неколку години како дел од дуото „Цимерките“, а потоа го отпеа и големиот хит „Врне, врне“. Сара периодов се грижи за нејзината ќерќичка Илина, а само еден ден пред да се породи го промовираше новиот спот за песната „Црна капина“, кој е дел од албумот „Floating through space with Sarah Mace".

Сара, за Hashtag.mk открива каква била како тинејџерка и кои биле нејзините тогашни идоли. „Како тинејџерка бев многу палава, но секоја година завршував со постигнат успех 5 и примерно поведение“, во неколку наврати откри Сара.

Таа неретко открива и дека омилен пејач во тинејџерските години и бил Тоше Проески. „Бев луда обожавателка на Тоше Проески и цела соба ми беше излепена со негови постери“, откри во едно интервју Сара.

Пејачката се присети и на  друштвото со кое пораснала: „ Сѐ уште се гледам со дел од милите другарчиња, ми недостасуваат многу...“

Фото:@sarahmace_official

Можеби ќе ве интересира: