Сатенски нокти како апсолутен тренд: Маникир кој е совршен спој од минимализам и елеганција (ВИДЕО)
Веруваме дека девојките кои сакаат едноставност со доза на луксуз ќе пронајдат инспирација...
Слип фустаните од сатен се апсолутен тренд оваа сезона, па ако го сакате сатенот во модните комбинации, тој ќе ве воодушеви и на вашите нокти.
Ви ги претставуваме сатенските нокти или т.н. „satin slip nails“ кои ги освоија социјалните мрежи под тој хаштаг. Тие се создаваат со додавање на бисерен прав преку лакот за нокти за да го претстават високиот сјај и текстура на сатенската ткаенина.
@betina_goldstein These are the products you need to recreate Julia Garners Nails for The Met gala #juliagarner #themetgala2023 #chanel #satinnails #nails Who's That Girl - Madonna
Неутралните нијанси на лакови кои на почетокот изгледаат здодевни, сега стануваат и повеќе од возбудливи. Сатенските нокти се едноставна комбинација на минимализам и луксуз, па она што ќе го видите, можете да го покажете и во козметичкиот салон пред да ви го направат новиот маникир.
Бидејќи сезоната на матурски, свадби и други важни настани е пред нас, сатенскиот маникир ќе биде оличен за сите девојки кои го сакаат минимализмот. Едноставно, овој тип на нокти е еден од оние кои одговараат на секој настан и прилика и со нив не можете да погрешите.
Овој маникир го сакаат и познатите ѕвезди како Ким Кардашијан, која го покажа на Мет Гала.
Сигурни сме дека сатенскиот маникир им има паднато во очи на членовите на англиското кралско семејство, на кои не им е дозволено да носат силни нијанси, туку само вакви - нежни и неутрални, па би можеле да кажеме дека ваквиот маникир и идеален за принцезите, кралиците и сите оние кои се чувствуваат така.
@sweetsquared PART 5. Kim Kardashians MET Gala nails!!! wearing @CND PLEXI #metgala #kimkardashian #kimk #kimkardashianwest #metgala2023 #kimkardashianedit #kimknails #nails #trend #northwest #kimkardashianmakeup #metgalaoutfits original sound -
фото: Принтскрин / Инстаграм / ТикТок