Сава Џехверовиќ и Адриана го открија полот на бебето: Ќе се вика слично како тетка Теодора
Пејачката пред неколку дена откри дека ќе стане тетка
Братот на Теодора Џехверовиќ и неговата избраничка Адриана Кадар неодамна објавија дека ќе добијат принова, а сега го открија и полот на бебето.
Пејачката пред неколку дена откри дека ќе стане тетка, а среќната вест ја сподели на својот Инстаграм профил кога објави низа снимки на кои позираа со ултразвукот на бебето во раце, а сега беше време да се открие полот.
Семејството Џехверовиќ ги собра своите најблиски пријатели и роднини и одржа интимна прослава на која дознаа дека наскоро во семејствто ќе се приклучи мало девојче.
Тие најпрво ги интервјуираа сите што доаѓаа, а од самиот почеток резултатот беше повеќе склон кон женско. Сава го погоди полот на своето дете, додека Адриана сепак мислеше дека ќе биде момче.
Инаку, Сава посакувал да имаат девојче, а веќе и смислиле и име, што неодамна го откри Адриана.
- Ако имаме момче, би сакале да се вика Андреј или Адријан, а на Сава му реков: „Избери женско име, ако имаме девојче!“. Сакаше ако имаме ќерка, да се вика Доротеа, се разбира поради Теодора. Иако, сигурна сум дека нашето прво дете ќе биде момче – изјави претходно Адриана.
Женска форма на доцногрчкото име „Doroteos“, што значи „Божји дар“ од грчкиот „doron“ што значи „дар“ и „theos“ што значи „Бог“.
Извор: www.telegraf.rs