Се јави момчето по тепачката со Вељко: „Веројатно се однесував малку арогантно“

Се јави момчето по тепачката со Вељко: „Веројатно се однесував малку арогантно“

Објавена во: Живот // Живот

Во неделата, на 7 јуни се сличи инцидент пред домот на семејството Родиќ во Тител, а Вељко Ражнатовиќ имаше конфликт со Стеван К. Токму тој жител на Тител раскажа како дошло до конфликтот со синот на Цеца, со кој во меѓувреме ги средил односите.

„Ние отидовме да ги викнеме сватовите и факт беше дека бевме бучни. Вељко тоа не го знаеше и веројатно мислил дека дојдовме да провоцираме. Пуштивме музика, хармониката свиреше со нас. Дојдовме во еден момент на паркингот пред семејната куќа на Родиќ каде живеат Вељко и Богдана. Тука се паркиравме. Излеговме пред автомобилот. Во еден момент Вељко излезе и не опомена дека во куќата има бебе од неколку дена и да престанеме да правиме галама. Прво не замоли, а потоа рече: „Малиот е тука, спие. Немојте да бидете толку бучни.“ Потоа го прашав во што е проблемот? Можеби тој се почувствува загрозен бидејќи се наоѓавме на самиот влез во дворот, не знам, можеби бидејќи бевме бучни. Ние бевме побројни од него. Веројатно малку арогантно постапив, му се приближивме четворица околу него и тогаш настана проблемот. Следуваше клинч, а потоа удари. Потоа пристигна возилото на брза помош, се сеќавам дека Вељко ме стави и ме полеваше со вода. По сето тоа ги средивме односите и денес се видовме. Многу фер и коректен дечко е тој“ - раскажа Стеван, а потоа додаде:

„Видете од девет ипол наутро до четири кога се случи тоа одевме низ Тител и ги повикувавме гостите со хармоника. Имавме алкохол во себе и бевме под негово дејство. нема причина да го кријам тоа. Ги средивме односите и навистина ми е криво што се случи тоа. Се извини човекот, денес се видовме. Се е океј“ - пренесува блиц.рс.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: