Се јави поранешната на Бредли: Еве што кажа за хемијата помеѓу него и Гага!
Откако излезе филмот „A Star Is Born“ сите очи се вперени во главните актери – Lady Gaga и Bradley Cooper.
Меѓутоа светот не ги коментира вокалните способности на актерот, а ниту актерските способности на Gaga. Имено, сите го коментираат односот на актерите. Секој пат кога ќе се појават заедно, луѓето се се повеќе убедени дека тие двајца се во врска.
А, откако пред неколку недели пејачката се раздели од вереникот, како шлагот на торта се додаде за време на доделувањето на Оскарите. Но, што има да каже на сево ова поранешната сопруга на актерот, Jennifer Esposito.
Имено, тие биле во брак неколку месеци во 2006 година. По бројните озборувања и Инстаграм препукувања на тема љубовната романса на Gaga и Cooper, американскиот актер David Spade на својот Инстаграм профил се запраша дали помеѓу главните актери од ова филмско остварување има нешто повеќе од пријателство.
„Постои ли шанса овие двајца да не се заедно?“ – се запраша David, a Jennifer кратко одговори „ha“.
Што треба ова да значи, не знаеме. А што мислите вие? Има ли шанси да се заедно Gaga и Cooper?