Се огласи на својот роденден, првпат по погребот на сопругот: Кралицата испрати порака на целиот свет
Таа го искористи својот 95 - ти роденден за да им се заблагодари на луѓето за љубезноста и поддршката во текот на изминатите денови...
Кралицата Елизабета Втора денес го слави својот 95 - ти роденден, првпат по повеќе од 70 години без нејзиниот сопруг, принцот Филип. Таа им се заблагодари на сите преку официјалните профили на Инстаграм и Твитер, во форма на писмо за честитките и поддршката.
Таа го искористи својот 95 - ти роденден за да им се заблагодари на луѓето за љубезноста и поддршката во текот на изминатите денови.
На почекот на обраќањето кажа дека денес добила многу убави пораки и желби, кои навистина ги цени.
„Иако сме семејство во време на голема тага, сите се утешивме кога ги слушнавме и видовме почестите што ги доби мојот сопруг, од луѓето ширум Велика Британија, Комонвелтот и ширум светот.“ - напиша кралицата.
<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">The Queen’s message to people across the world who have sent tributes and messages of condolence following the death of The Duke of Edinburgh. <a href="https://t.co/1apW7s1zXS">pic.twitter.com/1apW7s1zXS</a></p>— The Royal Family (@RoyalFamily) <a href="https://twitter.com/RoyalFamily/status/1384824648693604356?ref_src=twsrc%5Etfw">April 21, 2021</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>
На крајот на писмото го спомна и својот починат сопруг, принцот Филип.
„Моето семејство и јас би сакале да им се заблагодариме на сите за поддршката и добрината која ни ја укажавте во последните денови. Длабоко нè трогна потседникот за тоа колку Филип имаше извонредно влијание врз безброј луѓе за време на неговиот живот“ - кажа кралицата.
На крајот од писмото таа се потпиша со Елизабета Р.
фото: Tanjug/AP