„Се плашам за мојата ќерка“: Поранешниот сопруг на Ана Николиќ, Раста открива дали е строг татко

„Се плашам за мојата ќерка“: Поранешниот сопруг на Ана Николиќ, Раста открива дали е строг татко

Објавена во: Stars // Филм

Композиторот и музичар Стефан Ѓуриќ – Раста  деновиве е на црногорското приморје. Многу негови колеги настапуваат во Црна Гора во текот на летната сезона, но тој никого не смета за конкуренција.

- Па види, нема конкуренција во таа смисла. Сите ние сме тој нов бран и кај нас сега е поважно што повеќе да опстои овој нов правец,така што нема конкуренција.

Тој е воодушевен што тинејџерите се главно негова публика.

- Генерално сакам луѓе, сакам деца, а децата ми се главниот судија. Тие се некако слободоумни. Моите деца се секогаш тест за нешто што го правам, тоа да биде комерцијално и да помине. И навистина сум среќен поради тоа, бидејќи тие се некој за кој ги полнам големите сали и ги правам тие огромни концерти.

Неговата ќерка Тара е една од неговите најголеми критичари.

- Ние и дадовме целосна слобода и таа едноставно има свои мислења за се, а тоа е всушност најважното, бидејќи тоа е мојата идеологија. Така, таа секогаш има своја критика, но навистина ѝ се допаѓа и го цени тоа што го работам, па затоа имам среќа.

Раста признава дека неговата ќерка е талентирана за музика.

- Па, искрено, е талентирана. Многу. Тоа малку ме плаши. Мислам, само се шегувам. Ако таа сака да го рабтои тоа, јас ќе бидам најголемиот поддржувач. Но, навистина мислам дека овој бизнис кога се во прашање жените е навистина тежок..., изјави Раста

Филмот за животот на пејачот е завршен, а би требало да се објави кон крајот на годината.

- Филмот конечно заврши. Да бидам искрен, не го знам денот на премиерата. Мислам дека е средината на септември. Во кината ќе се појави на крајот на септември. Планираме албум некаде после тоа.

Фото:youtube/screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: