Се плашиме дека луѓето ќе бидат сурови кон неа: Девојче се роди со голем белег на лицето - за родителите таа е супер херој

Се плашиме дека луѓето ќе бидат сурови кон неа: Девојче се роди со голем белег на лицето - за родителите таа е супер херој

Објавена во: Совети // Семејство

Девојчето е родено со белег на лицето

Натали Џексон од Северна Дакота е родена со црна бенка која ја покрива горната лева четвртина од нејзиното лице, поради што има посебен изглед кој нејзините родители го нарекуваат „супер херојска маска“.

Кога се родила Натали, таа била сосема здрава, освен големиот белег на лицето за кој  нејзината мајка Леси претпоставувала дека е модринка.

- Беше толку посебно да се слушне нејзиниот прв плач. Тогаш медицинската сестра ја подигна, по царскиот рез, и видов голема црна површина на левата страна од нејзиното лице. Беше толку убава, но таа површина изгледаше како модринка и бев загрижена дека тоа е резултат на нешто што сум го направила во бременоста - рекла таа.


Откако лекарите ја прегледале, заклучиле дека областа е всушност бенка. Леси признава дека таа и нејзиниот сопруг Андреј на почетокот биле „испаничени“. Но, кога експертите им кажале дека Натали е здрава и дека дише нормално, сфатиле дека белегот не е причина за паника.

Всушност, тие одлучиле дека не сакаат да го отстранат белегот со надеж дека луѓето ќе ја прифатат таква каква што е, а не поради нејзината кожа.

-Додека ја држев во раце, целосно фасцинирана од неа, се плашев дека луѓето ќе ја гледат само преку тој белег, а не поради нејзината прекрасна личност која сигурно ќе ја има еден ден - изјавила Леси.


Кога нивните два постари сина, Елиот и Девин, првпат ја запознале нивната сестра, овие мали обожаватели на „Бетмен и Робин“ веднаш и дале посебен прекар. „Еден од нив праша што е тоа на нејзиното лице. Му реков дека тоа е нејзината супер херојска маска“, се сеќава Леси.

 - Им реков дека поради неа таа може да постигне се‘.


Џексон ја одвеле Натали кај разни специјалисти за да се погрижат бенката да не ѝ пречи на видот и да не предизвика рак на кожата, а кога дознале дека е безопасна, решиле да ја остават. Единствено се грижат дека другите ќе бидат сурови кон детето затоа што таа е поинаква, но цврсто веруваат дека силата на духот ќе ја води нивната девојка низ најтешките животни бури.

– Знаеме дека понекогаш можеби ќе ѝ е тешко, но белегот значи дека ќе мора да биде силна без разлика што ѝ носи животот – изјави Леси.

Засега луѓето кои ја запознале Натали се маѓепсани од нејзината весела природа и буцкастите образи. Поради бенката таа секако е поинаква, но не на лош начин.

- Луѓето ни велат дека нејзината бенка е необична и дека е убава, а повеќе не можевме да се согласиме.

Лекарите рекоа дека белегот ќе расте заедно со неа, па секогаш ќе покрива голем дел од нејзиното лице.

За сите добри луѓе таа изгледа прекрасно, пренесува Noviživot.net.

Фото: Инстаграм - laceyjaxar


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: