Се појави скандалозно видео на кое таткото на Анѓела и Наѓа им вика: Се срамам во ваше име (ВИДЕО)
Доказ дека јутјуберките немале добар однос со татко им Зоран...
Голема фама се крена околу исчезнувањето на јутјуберките Анѓела и Наѓа Ѓорѓевиќ, а целата приказна и деталите околу нивното исчезнување ги обелодени нивниот татко Зоран Ѓорѓевиќ.
На крајот се испостави дека семејните проблеми се причината поради кои ќерките на Зоран заминале од него. Како што објасни тој, неговите наследнички се живи и здрави, но дека заминале од дома поради несогласувањата и лошиот однос кој го имаат. Еден ден откако се случи сето тоа, на социјалните мрежи се појави видео на кое Зоран им вика на своите ќерки, поради, како што тврди, нивното несогласување на социјалните мрежи.
„Само да кажам дека ти и твојата сестра сте голем срам за Јутјуб. Дали морате да вклучите 10 мрежи во вклучување во живо за да соберете 200 луѓе? Веднаш би ви го земал и исклучил каналот. Анѓела, јас истата секунда би го исклучил каналот! Не може да се соберат луѓе... Ти си некој професионалец? Ти требаат два часа да кликнеш каде што треба“ - вели тој.
@balkanedisty.1 @lazar becelic @visnjastojanovic_ original sound - lana uzvracam
„Ќе имаше повеќе од 200 луѓе, само да кликнеше во истата секунда! Влезе по една минута откако излезе Наѓа, луѓето, секако, си заминаа! Треба да се засрамите, и ти и твојата сестра, бидејќи не се замарате ниту за вклучувањето во живо, ниту за следбениците! Ова е последен пат да ви помогнам со било што! Стави го малку прстот на чело и размисли. Си ставила перика и се бламираш. Мене ми е срам наместо вас“ - продолжил да вика.
„Па, срамота“ - вели Анѓела со наведната глава во видеото.
„Не ви е гајле за ништо, јас многу повеќе се нервирам од вас за вашиот канал! Ако си вклучила Инстаграмот, немаш следбеници, ако си вклучила ТикТок, немаш следбеници... Земи дете и изгаси ги сите! Изгаси ги сите, па тогаш ќе знаеш дека немаш. Мене би било срам. Земете и работете по ресторани, кафулиња, продавници, за да имате за школување и за живот. Ако сте неспособни не мора да бидете јутјуберки. Јас сум будала што се нервирал“ - заклучил тој.
фото: Принтскрин / Јутјуб