Се појави срамно интервју од Кардашијан: Видеото во кое Клои остро ги навредува дебелите луѓе ги разбесни сите

Се појави срамно интервју од Кардашијан: Видеото во кое Клои остро ги навредува дебелите луѓе ги разбесни сите

Објавена во: Мода // Moj стил

Видеото од интервјуто на Клои Кардашијан во кое ги навредува дебелите луѓе ги запали социјалните мрежи и стана вирално на ТикТок...

Клои Кардашијан сега е на удар на критичарите откако виралното видео од нејзиното интервју во кое остро ги критикува дебелите луѓе стана популарно на ТикТок. Во исто време, иронијата да биде поголема - Клои веќе долго време има емисија која им помага на дебелите луѓе да ослабат.

Иако е вистина дека Клои тренира, нејзините денешни резултати секако не се крајниот резултат од напорни тренинзи во теретана. Меѓутоа, исто така е познато дека Кардашијанките често си играат на Фотошоп, па нејзините зборови од ова интервју се дополнително проблематични.

Таа во видеото вели дека ја нервираат луѓе кои се жалат дека имаат вишок килограми, и не преземаат ништо за да ги намалат.

„Не можам да поднесам луѓе што јадат кофа сладолед и велат: „Јас сум толку дебела““ - вели Клои во видеото.

„Нема да вежбаат, нема да го сменат начинот на исхрана, нема да пијат повеќе вода, нема да направат ништо, но се жалат и се жалат и се жалат. Им велам: Секогаш ќе бидете во улога на жртва затоа што буквално не правите ништо, не сте свесни за себе. Вие дури и не го гледате својот одраз, па си велите: „Добро, што можам да направам за да ги сменам работите на себе?“Сите други се виновни“ - додаде таа.


Следуваа коментари од луѓето кои беа бесни, на кои им пречи осудувањето на дебелите луѓе, бидејќи на неа ѝ е многу полесно да ослабне поради парите што ги има.

фото: PRINTSCREEN/YOUTUBE

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: