Се појави видео од минатото на Били Ајлиш: Пејачката е обвинета за расизам
Били Ајлиш, најпопуларната тинејџерка во светот е обвинета за навредување на азиските акценти и користење на расистички навреди, наведува „Дејли Мејл“.
Во ТикТок видео кое минатата недела го објави корисникот @lcxvy, а кој содржи повеќе кратки видеа без датум, може да се слушне как Ајлиш го користи изразот „chink“ - израз кој се смета за навредлив за личностите со кинеско и источноазиско потекло. Зборот на англиски инаку значи „тесен отвор“.
Во видеото исто така може да се види и слишне како Били ги измејува азиските акценти и како нејзиниот постар брат Финеас ја критикува зошто „зборува со афроамерикански акцент“.
@lcxvy Reply to @.lisqvz #billieeilish #billieeilishcancelled lol
original sound - lena !!!
Не е познато кога и во кон контекст се снимени видеата.
Одредени обожаватели „удрија“ по пејачката поради нејзиното „откажување“, додека други потсетија дека таа боледува од Туретов синдром и дека тоа е причина за нејзините испади.
Ајлиш во 2018 година откри дека боелдува од Туретов синдром, но нагласи дека не поседува гласовни тикови, туку само физички.
Пејачката минатата недела исто така се најде на мета бидејќи „ја користи ЛГБТ заедницата за да ги промовира своите песни“.