Се појави видео од преплашената Норт Вест: Ким ја оставила сама пред влезната врата на Мет Гала

Се појави видео од преплашената Норт Вест: Ким ја оставила сама пред влезната врата на Мет Гала

Објавена во: Совети // Семејство

Иако околу Норт најверојатно имало луѓе од обезбедувањето, таа делува изгубено без својата мајка...

9-годишната Норт Вест со задоволство ги посетува настаните со својата мега-популарна мајка Ким Кардашијан.

Најверојатно би се појавила и на гламурозниот црвен тепих на Мет Гала, доколку организаторката на настанот, Ана Винтур, не забранеше присуство на деца и малолетници на овој настан.

Но, иако не беше на црвениот тепих на првиот понеделник во мај, кога традиционално се одржува Мет Гала, Норт барем успеа да ја испрати својата мајка на најголемиот моден настан на годината.

Но, откако новинарите ја фотографираа и откако Ким тргна на Мет Гала, изгледа дека 9-годишната Норт останала сама и помалку уплашена на улицата.

@ardenwolf

original sound - Arden Wolf

Обожавателите кои сакале да ги видат ѕвездите од блиску и кои во живо ја следат Мет Гала, на социјалните мрежи споделија многу чуден почеток. На видеото кое кружи на ТикТок, ја гледаме Норт како ја држи својата чанта, додека стои сама и помалку несигурно ги поздравува обожавателите. Луѓето претпоставуваат дека во нејзина близина се луѓе од обезбедувањето, но повторно тоа се само претпоставки и луѓето се прашуваат зошто Ким не ангажирала дадилка за неа.

@nickikardashian The Princess #NorthWest at the #MetGala with Queen  @Kim Kardashian  #kimkardashian Free Mind - Tems

Тука има уште едно видео, снимено од друг агол, на кое исто така ја гледаме помалку збунетата Норт, која ја стиска чантата во раце и како да не знае што да прави со себе.

Луѓето поради ова удрија по Ким во коментари, а многумина се сложија дека премногу ја носи Норт на јавни настани и дека премногу ја изложува во јавноста, бидејќи таа уште нема ни 10 години.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: