Сѐ повеќе се зборува дека Џејкоб Елорди е во врска со позната јутјуберка: Околу неа имаше голема драма (ФОТО)
Холивудска двојка која добро се крие, но изгледа дека сега нивната врска е откриена...
Џејкоб Елорди има армија од обожавателки кои се луди по него, а ако досега се надеваа дека е сингл, следува разочарување. Сѐ повеќе изгледа дека е во врска со една јутјуберка.
Нема двојка која може да се скрие од холивудските папараци. Тие имаат очи насекаде. Поради фотографиите на кои се уловени заедно, се развија сомнежите дека Џејкоб или за многумина попознат како Нејт од „Еуфорија“, има девојка.
Актерот како да влегува од една во друга врска, а можеби токму сега ја има пронајдено онаа вистинската, пишува „Seventeen“. Сите помалку се сомневаат овие две познати ѕвезди одеднаш почнаа често да се дружат. А, кој е неговата избраничка? Ни помалку, ни повеќе, туку Оливија Џејд.
Ако нејзиното име на прва не ти звучи познати, еве ти мал потсетник на драмата во која пред неколку години Оливија ја играше главната улога. Нејзината мајка, Лори Лофлин, актерката која ја знаеме како Беки од серијата „Full House“, пред неколку години се најде среде еден од најголемите скандали. Пред три години Лори платила милион долари за да ја запише Овилија на еден престижните факултети, а Оливија среде студирањето одлучила дека не би сакала да продолжи и дека со задоволство би правела само забави и би снимала за Јутјуб. Целата драма настана околу тоа, бидејќи како прво родители ѝ го платите влегувањето на факултет, а таа на тој начин го заземала местото на некој студент кој се трудел. И потоа уште се откажала и со тоа покажала колку е неблагодарна.
Дури имаше и приказни поврзани со затвор. Сега Оливија изгледа дека сето тоа го оставила зад себе и се забавува со еден од најпосакуваните млади актери. Картите сепак добро ѝ се наместиле, како што тоа обично им се случува на познатите личности. Таа и Џејкоб уште официјално не признале дека се во врска, но прилично е јасно дека се.
Дури и еден од изворите блиски до двојката во една прилика за магазинот „People“ призна дека тие двајца се во класична врска.
фото: Принтскрин / Инстаграм