Се сеќавате ли на Кармен и Џуни од филмот „Spy Kids“? Денес не би ги препознале (ФОТО)
Нема кој не го гледал популарниот филм за деца „Spy Kids“, кој во 2001 година беше најголем хит во кината...
Тинејџерите и децата со задоволство ги следеа авантурите на децата шпиуни - братот и сестрата Кортез, а и возрасните се забавуваа со овој блокбастер.
Улогата на постарата сестра Кармен тогаш ѝ припадна на 12-годишната Алекс Веги, додека помладиот брат Џуни го глумеше 8-годишниот Дарил Сабара. Овие деца се најдоа раме до раме со холивудските великани како Антонио Бандерас, Џорџ Клуни, Тери Хачер, Селма Хајек, а поради успехот на филмот беше снимено и продолжение.
На почетокот на 2000-тите, Алекс и Дарил важеа за најголеми детски ѕвезди, но во наредните години немаа толку запазени улоги... Токму затоа, проверивме каде се денес и што прават овие актер по 21 година од прикажување на филмот кој ги прослави.
Алекс Вега денес има 33 години и понатаму се занимава со глума, но воглавно се појавува во епизодни улоги. Последните години напредуваше кога е кариерата во прашање, па стана заштитно лице на филмовите од продукцијата на телевизиската куќа „Hallmark“.
Таа е посветена и на семејниот живот, а од 2014 година е во брак со колегата Карлос Пена. Интересно е дека имаат изберено заедничко презиме за себе и своите два сина и ќерка, а тоа е комбинација од нивните две - ПенаВега. Двојката има и заеднички канал на Јутјуб, а од приложеното може да се види дека се многу посветени на религијата, како и на воспитувањето на децата.
Инаку, атрактивната русокоса некогаш со задоволство споделуваше провокативни фотографии, но семејниот живот ја промени, па тоа сега е реткост.
Дарил сега има 29 години и исто така се занимава со глума, но е посветен на позајмувањето на гласот во разни остварувања. Во среќен брак е со пејачката Меган Трејнор, која сигурно ја знаете по хитот „All About That Bass“.
фото: Принтскрин / Јутјуб