Се сеќавате ли на неверојатната Марија Сердар? Ослабна дури 25 килограми и изгледа непрепознатливо

Се сеќавате ли на неверојатната Марија Сердар? Ослабна дури 25 килограми и изгледа непрепознатливо

Објавена во: Stars // Музика

Таа драстично ослабна, поради што многумина не ја препознаваат

Марија Сердар на само 13 години победи во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“.

Таа по победата вети дека ќе ослабне и дека ќе се посвети на својот изглед, а сега го исполни тоа.

Судејќи по новите фотографии кои Марија ги објави на својот Фејсбук профил, се забележува дека драстично ослабнала. Многумина од прва не можеа да ја препознаат.


Марија со нејзиниот раскошен глас во текот на натпреварувањето го расплака целиот Балкан, а многу луѓе се сеќаваат на моментот кога пејачката Јелена Томашевиќ лееше солзи додека Сердар пееше една од нејзините песни.


Младата пејачка во една прилика раскажа дека нејзиниот живот се променил од корен, откако победила во шоуто.

„Со оглед на тоа дека поминаа три години, многу работи се променија. Го променив училиштето, сега сум средно... Почнав да држам диета и да слабеам, и ослабнав 25 килограми откако заврши натпреварувањето. Првенствено сакам да се ослободам од вишокот килограми поради своето здравје и себе, а потоа затоа што тоа ѝ го ветив на публиката, па и од почит кон нив. Планирам да завршам средно образование и би сакала подоцна да се запишам на факултет во странство“ - кажа своевремено Марија за порталот „Пинк.рс“.

За потсетување, Мариај Сердар се повлече од јавноста по победата во натпреварувањето „Ѕвездичките на Пинк“ во кое ги освои симпатиите на публиката, но и на жирито.

Во продолжение слушнете како звучи денес Марија:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: