Се сеќавате на малата Мелек: Епа, порасна и денес изгледа како девојка од милион долари
Берен Ѓокилдиз ја обожаваат во Турција. Таа им е како национално богатство. Сега веќе славната актерка, од мала глуми во најгледаните турски серии, а ние ја знаеме најмногу по улогата на Мелек во серијата "Мајка" и во многу други.
Ѓокилдиз и денес се бави со глума и сеуште е најбарана актерка од нејзината возраст. Има 13 години и нема да ви се верува колку пораснала.
На нејзиниот Инстаграм профил кој го следат 1,2 милиони следбеници, сподели фотки од завршувањето на училиштето.
Облечена во тесен црн фустан со шлиц и бисерен гердан, таа не изгледа повеќе како малото девојче кое ни беше познато.
За неа предвидуваат дека ќе стане голема актерска ѕвезда не само во матичната земја, туку и во светот.
Фото: Инстаграм