Се шири уште еден опасен тренд од ТикТок: Немојте да јадете замрзнат мед или...
Со новата недела ни пристигна и новиот тренд од ТикТок што ги загрижува луѓето ширум светот. Во последниве недели, имаше сѐ повеќе видеа во кои корисниците на социјалната мрежата се повикуваат да замрзнат мед, а потоа да го извадат и да го изедат. Но, тоа не е сѐ - некои луѓе додаваат слатки, чај со меурчиња или сирачи.
Промената на текстурата на медот, кој станува како желе што излегува во бујни парчиња, го прави попријатен да се јадење, тврдат оние кои го пробале.
Лудилото на ТикТок започна кога Дејв Рамирез објави видео од експериментот на 9 јули. Оттогаш, хаштагот #FrozenHoney стана вирален, а неговото видео има 840 милиони прегледи.
Меѓутоа, некои луѓе, почнаа да пријавуваат стомачни проблеми откако го јаделе. Корисничката на ТикТок @lalaleluu објави видео со следниот наслов: „Забелешка: Не јадете три залчиња мед наутро, тоа ќе ве натера итно да ги испразните цревата“.
Друг корисник напиша: „Сега сум болен“.
Високата содржина на шеќер премногу ги стимулира цревата, што доведува до дијареја, грчеви во стомакот и надуеност, изјави нутриционистката Мариса Мур за веб -страницата „Woman's Health“.
Друг потенцијален ризик при конзумирање на сиров мед - иако мал - е ботулизам, ретко труење со храна предизвикано од бактеријата Clostridium botulinum, предупредуваат здравствените експерти.
Овој тренд, исто така, има повеќе долгорочни здравствени последици, вклучувајќи расипување на забите, повисок крвен притисок и зголемено воспаление, што може да доведе до срцеви заболувања и други здравствени проблеми. Долготрајната прекумерна конзумација, исто така, може да предизвика зголемување на телесната тежина, зголемувајќи го ризикот од дебелеење.
„Кога јадете нешто богато со шеќер, имате подеднакво висока реакција на инсулин, што често резултира со тоа да имате толку многу шеќер, а потоа силно да се тресете, откако ќе ви падне шеќерот во крвта“ - вели диететичарката Сара Рувен за „New York Times“.