Се снима нов филм за Петар Пан: Откриено е кој ќе го глуми Капетан Кука
Да, Дизни наголемо работи на филмот „Петар Пан и Венди“, игран римејк на анимираниот класик од 1953 година, а сега се шушка дека Џуд Ло е главниот кандидат за Капетан Кука, пишува Collider.
Филмот ќе го режира Дејвид Ловери, а исто така го напиша и сценариото со помош на Тоби Халбрук.
Да потсетиме, и понатаму не постои квалитетен игран филм за Петар Пан. Најблиску до анимираниот е „Hook“ од 1991 година, кој буди носталгија, но беше големо критичко и комерцијално разочарување. Потоа, „Петар Пан“ од 2003 доби пофалби, но не заработи пари од благајните на киносалите, додека „Пан“ од 2015 со Хју Џекмен беше апсолутно разочарување.
Што се однесува до Џуд Ло, неколку пати досега играше негативни ликови и секој пат во тоа добро се снаоѓаше, па се надеваме дека и овде ќе му биде дадена шанса да заблеска.