Се снима „Пепелашка“: Камила Кабелјо ќе го носи стаклениот чевел
Обожавателите најмногу ги воодушеви изборот на добрата самовила.
Откако минатата година Sony објави дека заедно со комичарот Џејмс Корден и режисерот Кај Кенон, ќе снима римејк на „Пепелашка“ и тоа на модерната „Пепелашка“, обожавателите со нетрпение ја очекуваат секоја информација.
Иако се уште не се знае кога ќе започне снимањето ниту што точно значи тоа „модерна“, сепак открија дека филмот ќе го гледаме на 5 февруари 2012 година, но и кој ќе глуми во него.
Метлата и стаклениот чевел ќе и припаднат на кубанско - американската пејачка Камила Кабелјо, додека младиот актер Николас Гализин ќе биде принцот Роберт.
Обожавателите на филмот најмногу ги израдува изборотна добрата самовила - во прашање е актерот и пејачот Били Портер.
Идина Мензел ќе биде злобната маќеа, а некогашниот Џејмс Бонд, Пирс Броснан ќе биде кралот. Неговата сопруга, кралицата Беатрис ќе биде актерката Мини Драјвер.
Полусестрите на Пепелашка ќе бидат Шарлота Спенсер и Меди Бајио.
Воодушевува изборот на Миси Елиот, која ќе има можноста да извикува: „Чујте и почујте, ве известуваме“.
Се претпоставува дека гласовите на глуфчињата ќе ги позајмат Џон Мулани, Џејмс Корден и Ромеш Ранганатан.