Се спасивме на време: Познатите македонци во карантин поради коронавирусот

Се спасивме на време: Познатите македонци во карантин поради коронавирусот

Објавена во: Stars // Музика

Домашната изолација која Министерството за здравство ја препорача за да се спречи ширењето на коронавирусот е многу значајна за дел од нашите познати личности. Живкица Каленикова, диџеј Зоки Бејбе, Ноне Неделковска и Дани Димитровска ни раскажаа како им поминува времето во карантин.

Според водителката и автор на емисија „Тунел“, Живкица Каленикова, карантинот не потсетува на работите за кои вообичаено немаме време.  На социјалните мрежи, Жиле редовно објавува весели слики од нејзините три деца, Марко, Даријан и Ана, како танцуваат или вежбаат по дома.

„ Се обидуваме максимално да ја почитуваме состојбата т.е каратинот кој е многу значаен во вакви моменти. Децата се навистина огледало на тоа каков пример гледаат. Нам не ни е тешко да бидеме во изолација, или како што велат, затворени дома. Не се чувствуваме затворени, напротив го користиме максимално времето за она што вообичаено немаме време во нашето секојдневие. Физичка активност, домашно училиште кое децата го имаат благодарение на добрата организираност во нивните училишта. Подготвување оброци, гледање филм, чистење на плакарите и денот летнал“,вели Жиле и додава дека оваа состојба со вируот носи и една важна порака.

 „ Нè потсетува на работите кои сме ги заборавиле во ова пребрзо секојдневие. Ручек без брзање, време за внимателен разговор. Значењето на тоа да се има квалитетен здраствен и образовен систем“, ни раскажа Живкица.

За познатиот диџеј Зоки Бејбе ова е чуден но и забавен период, најмногу поради тоа што како што вели, тој е човек кој буквално живее на улица.

„ Искрено за тоа како ми е во изолација може да зборувам за првиве денови но тие не се реална слика за тоа како ќе се живее во самоизолација. Ова може да потрае. Никако не ми е сеедно, особено што јас живеам од хонорари речиси цел мој работен век. Ако не пуштам музика реално немам аклумулација. Ако го занемариме тој дел, тоа што сум вака затворен дома за еден човек кој животот буквално го живее на улица  е чудно но за промена забавно. Комуницирам по видео чет со моите родители кои се многу кул, и тие прават да се чуствувам релаксирано бидејќи се одговорни и дисциплинирани. Многу често сум на видео чет со пријателите надвор од земјава на кои исто им треба подршка. Слушам многу музика која немав време да ја слушнам и решив домот да го претворам  во мој микрокосмос во кој ќе ми биде само убаво. Иако мислев дека ќе читам, не ми успеа, но гледам серии. Си готвам некакви здрави јадења, козумирам за прв пат некои суплименти, а до сега само овошјето медот и јатките беа мојата имуно бомба. И што е најбитно вежбам на секои 45 минути, правам нешто или шизам или некој мој тип на јога кој ми помага. Како да ви кажам, моја мисија во животот е да бидам некој кој зрачи со позитивна енергија. Дали е тоа мојот диџеј сет, дали е тоа некој статус или пак разговор, јас поинаку не знам. Затоа и не дозволувам ова да ме потресе многу- многу. Тоа е што е, ќе ги следиме упатствата на епидемиолозите и нашиот министер кој е одличен“, ни раскажа Зоки Бејбе.

Ноне Неделковска, која одамна не се занимава со пеење, но секогаш е интересна за јавноста, по осум години работа на брод како советник за убавина во фришоп, сега во својот роден Велес.

„Бев на моето омилено место, на Канарските острови. Кога си одев од бродот, ситуацијата беше затегната. Дел од патниците заминаа во карантин на Тенерифе. На аеродромот немаше никакви посебни мерки за превенција, сè беше нормално. Исто така и во Истанбул на аеродром немаше никакви превентиви ниту пак проверки. Единствено кога стигнав кај нас, вработените од пасошката носеа маски и ракавици и не прашуваа од каде патуваме. Имаше личност која мереше температура на сите нас кои што стасавме во Македонија“, вели Ноне.

„ За сега сум дома и не знам кога ќе се вратам на брод. Свадба ме чека во јуни, другарка ми се мажи и имам чест да бидам старосватица. Се надевам дека сè ќе си дојде во нормален ред, дисциплирани и без паничење ќе го препродиме и ова. За сега дома ми е супер фамилијарно. Се слушнав со неколку пријатели од брод што се докирани во Малага и не ги пуштаат надвор да излезат две недели“, ни раскажа таа за своите колеги. „Јас и уште неколкумина се спасивме на време,да си бидеме дома во карантин со нашите“, завшува пејачката.

Дани Димитровска е разочарана од како што вели НЕодговорноста на групации кои релативизираат покажувајќи ниска свест за колективното здравје кое зависи исклучиво од нас. „ Тажна сум поради поделбата дури и во вакви вонредни ситуации кога свеста за “сите сме ЕДНО” треба да е единствен приоритет. Надеж ми влева министерството за здравство, докторите, дарителите на респиратори, вработените во маркетите, полицијата и сите лица во првиот “борбен” ред. Се чувствувам здраво, ги следам сите препораки, загрижена сум но паничарството не ми е во крв. Шести ден ми е во карантин. Купувам храна на два дена. Се грижам за комшиите и гледам да делувам насмеано. Играм “не љути се човече” online со син ми кој е во самоизолација. Се ставив на пишување. Започнав со прибележување на мисли и премина во едночасовна занимација во ден. Готвам повремено што не е честа појава. Вестите ми се во центарот на вниманието. Вежбам во пижами, пеам при енергични напади, пресадувам лански цвеќиња и си признав дека ја потценив вредноста на една тераса во стан. Смирено другари со одговорност за себе и останатите! Ќе преживееме но ај и да извлечеме лекции за единството и човекољубието. Чувајте се“, порачува Дани.

М.Џаровска 

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: