Се венчаа пред илјадници луѓе: Желбата си ја исполнија на концертот на Тејлор Свифт за кој зборува целиот свет (ВИДЕО)

Се венчаа пред илјадници луѓе: Желбата си ја исполнија на концертот на Тејлор Свифт за кој зборува целиот свет (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Двојка од САД ршеи да ги претвори своите соништа во реалност и да се венча на концертот на нивната омилена пејачка. Тие го искористија вистинскиот момент, повикаа сведоци и ги прочитаа своите завети пред илјадници луѓе. Голема, но и интимна прослава во исто време.

Една од најпознатите пејачки во светот, Тејлор Свифт, не е од оние музичари кои пеат на свадби. Но, на младенците им се поклопија конците и решија да се венчаат на втората вечер од концертната турнеја на пејачката. Видеото од венчавката го објавија на ТикТок и не требаше да помине долго време, пред истото да го заобиколи светот, пишува „Elite Daily“.

Рене Хуртадо и Макс Бохман од Аризона решиле да ја прескокнат венчавката кај матичарот и да се венчаат опкружени со околу 60.000 обожаватели на Свифт. На крајот навистина се гледа дека се задоволни од тоа како изгледало сето тоа.

@rene_hurtado Just Married Story time coming soon! We are so tired from the excitement and are enjoying this time! @taylorswift @taylornation #glendaletstheerastour original sound - Ren Hurtado

„Уште од минатото лето му зборував, тогаш на вереникот, дека би сакала да се венчам на концерт на Тејлор Свифт, без оглед кога ќе се одржи“ - кажа Хуртадо.

Најпрво мислела дека можат легално да се венчаат пред концертот и да имаат прием таму, но другарка ѝ ѝ дала поинаква идеја.

„Откако беше објавен датумот на концертот, сè стана многу реално. Една моја пријателка ми предложи дека едноставно би требало да се венчаме на концертот, па така и одлучивме. Зошто да се венчам кај матичар, кога тоа можам да го направам на концертот на Тејлор Свифт“ - објасни таа.

Подготовките течеле по планот, но не биле завршини до вечерта пред големиот ден, кога Хуртадо присуствувала на првиот концерт од турнејата „Erat Tour“. По тој концерт таа ја запишала целата програма и ги снимила убавите моменти. Тие се венчале додека Тејлор го менувала костимот и ја рецитирала песната „Seven“.

@rene_hurtado

Part 5: Venue Staff & Taylor’s Stage team

original sound - Ren Hurtado

Откако ги размениле заветите, двојката уживала во изведбата на песната „Invisible String“, иако Хуртадо не е сигурно дали тоа им бил првиот танц.

„Бевме премногу нервозни за да го одработиме целиот танц, но се држевме за раце и уживавме во изведбата“ - посочи таа.

На свадбата друштво им правеле кумата, која воедно и ги венчала и нејзиното момче, кој бил сведок и снимател. Тој не бил единствениот кој ја снимил церемонијата, бидејќи на ТикТок се појавија неколку слични видеа, а едно од нив од го лајкнала и самата Тејлор Свифт.

Иако ова им било венчавка од соништата, планираат уште една, малку потрадиционална.

„Eras Tour“ е апсолутен хит во САД, но и ширум светот каде луѓети сонуваа за тоа да си купат билети и да ја слушаат во живо својата омилена пејачка. Тејлор во текот на концертот пее дури 44 песни, а шоуто вкупно трае околу 3 часа.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: