Се врати популарната фризура од минатото: Дали Бела Хадид ќе започне нов тренд? (ФОТО)
Локните од 80-тите се повторно во мода...
Во 80-тите и раните 90-тите години, сите беа опседнати со трајните локни или популарниот минивал.
И додека пред 40 години сите локни беа приближно исти, денес технологијата кога се фризерските услуги во прашање е напредната, така што можеме да избираме помеѓу различни текстури.
Бранови може да добиеме и со фигаро, но ако сакаме трајно решение, тогаш минивалот е наједноставната опција, бидејќи хемикалиите што се користат во фризерските салони не се толку агресивни како пред 40 години.
Почнавме да забележуваме како ѕвездите со задолство се насочуваат кон спиралните локни, кои буквално се „blast from the past“.
Неодамна во Лас Веган, Бела Хадид ја покажа својата фризура, со која изгледаше како да се телепортирала директно од 80-тите.
И не е единствен, тука се и Никол Кидман, Емили Ратајковски и Кејти Холмс, кои заблескаа со бујните локни.
Не знаеме дали Бела го започна новиот тренд, но секако, ако сте благословени со природно кадрава коса, време е да престанете да ја исправувате.
фото: Принтскрин / Инстаграм