Седум бои кои ќе владеат оваа есен: Една е вистинско изненадување и секоја комбинација ја крва на повисоко ниво

Седум бои кои ќе владеат оваа есен: Една е вистинско изненадување и секоја комбинација ја крва на повисоко ниво

Објавена во: Мода // In and Out

Откријте кои бои ќе се носат оваа есен...

Модните уредници и љубителите на модата се подготвуваат за модната есен, а освен за кроевите, модните додатоци, најпопуларните парчиња, размислуваат и за боите што ќе го одбележат периодот што следува. Неколку од нив се истакнаа на врвот на листата на најпопуларни.

# Индиго сина боја

Оваа препознатлива нијанса на сина си го најде своето место на модните писти. Фустаните, јакните и, се разбира, панталоните изгледаат одлично во оваа боја, за која се верува дека поттикнува повисоко ниво на концентрација.

Извор: SHUTTERSTOCK

# Маслинеста (војничко) зелена

Секојдневните клучни парчиња од есенската гардероба ја креваат маслинесто зелената нијанса на повисоко ниво. Тоа е нијанса која добро ќе се вклопи со остатокот од вашата гардероба. Без разлика дали ќе изберете јакна, капут, џемпер или фустанче во оваа боја, нема да погрешите.

Извор: BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

# Кафена

Кафеавата боја ќе биде полн погодок оваа есен. Можете лесно да комбинирате нови јакни, фустани и џемпери со вашите постоечки кафени додатоци.

Извор: SHUTTERSTOCK

# Црвена

Оваа примарна боја е прилагодлива за секој, дури и минималистички плакар. Лесно може да стане дел од сечија гардероба, и иако многумина ќе ја поврзат со пролетта, совршено се вклопува и во есенските комбинации.

Извор: INSTAGRAM

# Фуксија

Бојата на фуксија ќе ја оживее секоја комбинација. Можете да ја омекнете со комбинирање со неутрални тонови, како сиви или слонова коска. Оваа смела боја е дефинитивно една од оние што ќе ве лансираат во центарот на вниманието оваа есен.

Извор: SHUTTERSTOCK

# Сребрена

Оваа есен, не мора да ја чувате сребрената облека само за специјални настани. Модните експерти тврдат дека оваа боја ќе биде дел од секојдневните комбинации.

Плисирани здолништа и јакни во сребрени нијанси можат да бидат парчиња што ќе им дадат сјај на вашите комбинации.

Извор: SHUTTERSTOCK

# Пастелно виолетова

Оваа есен, исто така, ќе се носи и пастелно виолетовата, што ќе ги тргне настрана дури и популарните пастелни розови нијанси. Секое парче облека или моден додаток во оваа боја ќе биде полн погодок за есента која е пред нас.

Извор: SHUTTERSTOCK

фото: CORNEL CRISTIAN PETRUS / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: