Сега е познат: Наставниците го прекорувале, а родителите му го откриле талентот

Сега е познат: Наставниците го прекорувале, а родителите му го откриле талентот

Џо секогаш бил одличен на училиште, на сите подрачја. Но, од училиште си одел фрустриран бидејќи не добивал доволно податоци за уметноста, се присетува неговиот татко Грег.

10 - годишното момче, Џо Вејл е момче од Шрусбери во Велика Британија е опседнат со цртање на посебен начин, поради кој го викаат и „Doodle Boy“. Дека тоа не му е само понување на слободното време, сфатиле неговите родители кога наставникот по математика го прекорил дека го црта учебникот со разни ликови.

Сфатиле дека е многу талентиран и го запишале на часови по цртање. Неговите слики набрзо започнале да ги привлекуваат луѓето на социјалните мрежи. Првата работа ја добил на 9 години - задачата му било да ја наслика огромна слика на ѕидот на еден ресторан.

Името на сликата е „Number Four“ (Број 4), а му требале 12 часа за да ја заврши, а работел по наставата. Иако му било напорно, како што признава, уживал во сето тоа.

„Сакав да цртам уште откако се родив. Тоа нешто што отсекогаш ме интересираше“ - рече тој.

Вели дека вообичаено го следи она што окружува и истото тоа го црта, а најдраг лик му е кучето кое го нацртал според својот миленик. Тој продава предмети со неговите ликови, како што се ранци, чаши, постери, маски за мобилни телефони на неговата онлајн продавница. Особено е популарен кај помладата публика.

Родителите се присетуваат колку бил незадоволен.

„Џо отсекогаш бил одличен на училиште, на сите полиња. Но, од училиште излегуваше фрустриран бидејќи не добивал доволно знаење за уметноста. Поради тоа го запишеле во локалното уметничко училиште и оттогаш само напредува“ - раскажува неговиот татко Грег.

„Споделив што црта на мојот LinkedIn профил и мислам дека имаше околу 2,7 милиони прегледи. И неговиот наставник сподели некои од неговите изработки на Инстаграм“ - додава.


Можеби ќе ве интересира: