Сега кога ќе погледнам назад, сфаќам колку Беркли ме промени: Ања Ветерова со емотивна објава по крајот на универзитетскиот живот (ВИДЕО)

Сега кога ќе погледнам назад, сфаќам колку Беркли ме промени: Ања Ветерова со емотивна објава по крајот на универзитетскиот живот (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // School zone

Младата пејачка Ања Ветерова на почетокот на овој месец дипломираше на реномираниот Универзитет „Беркли“ во Соединетите Американски Држави. Среќната вест ја сподели на социјалните мрежи, каде што доби безброј честитки и многу среќа во остварувањето на зацртаните цели.

Сега, откако спласнаа сите емоции, Ања реши да направи ретроспектива на изминатите 4 години. Имено, таа на Инстаграм сподели видео во кое покажува како ѝ поминале тие години на „Беркли“, а истото беше проследено со емотивен текст, кој го искористи за да им заблагодари на сите за поддршката и довербата.

„Толку многу работи имам да кажам, толку многу измешани емоции и толку многу спомени, кога ќе помислам на изминатите 4 години од мојот живот. Многу работи се случи и сменија. Многу неверојатни и талентирани луѓе (музичари) влегоа во мојот живот, некои од нив си заминаа попатно, дојдоа нови, додека ги баравме нашите патишта на овој свет.“ - ја започна својата емотивна објава младата пејачката.

„Она што го сакав кај Беркли беше тоа што сите споделувавме иста страст и зборувавме ист јазик. Сега кога ќе погледнам назад на сите овие моменти, сфаќам колку ова училиште ме промени на толку многу начини. Ќе ми недостигаш Беркли.“ - со секој следен збор беше сѐ поемотивна, а посебно во делот каде што му се заблагодарува на своето семејство:

„Отсекогаш знаев што сакам да правам во мојот живот и секогаш ги следев моите цели и соништа. Сепак, ништо од тоа немаше да биде возможно без поддршката од моето семејство. Сакам да му се заблагодарам на моето семејство што ме поддржува во сѐ што правам, што ме сака и во добро и лошо, ме прифати таква каква што сум и никогаш не кажа НЕ на мојата кариера. Многу сум благословена што имам такво семејство, и најважно мајка и најдобра пријателка која е подготвена да жртвува сѐ“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: