„Сега претера, каде ти е средниот прст?“: Ким Кардашијан се заигра со ФОТОШОП, па сите велат дека изгледа како вонземјанка (ФОТО)

„Сега претера, каде ти е средниот прст?“: Ким Кардашијан се заигра со ФОТОШОП, па сите велат дека изгледа како вонземјанка (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Неколку фанови застанаа во одбрана на риалити ѕвездата во коментарите, додека други остро ја критикуваа нејзината монтажа на фотографии

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ја прозиваат поради претераното уредување на своето најново селфи откако неколку фанови забележале дека нејзиниот среден прст го „нема“ на фотографијата, пренесува Page Six.

 - Само пробувам костим за капење и се молам никогаш повеќе да не врне дожд во Лос Анџелес - напишала 42-годишната ријалити ѕвезда со фотографија од нејзиниот одраз во огледалото, каде носи бикини од сопствениот бренд Skims.

Додека многу фанови истакнаа дека мајката на четири деца изгледа добро, други заклучија дека фотографијата е „лошо фотошопирана“.

-Чекај, каде ти е средниот прст? - праша еден од коментаторите.


- Зошто оваа фотографија е толку многу фотошопирана? – праша еден следбеник, посочувајќи го претераното уредување на селфи фотките на популарната Ким, додека еден од следбениците напиша дека „искрено се надева дека Ким разбира колку навистина се монтирани нејзините фотографии“.

- Оваа фотомонтажа е апсурдна. Само прикачете обична фотографија.

- на никого не му е грижа... Имаш четириесет години - напишала друга личност.

Во нејзина одбрана во коментарите излегоа неколку обожаватели на Ким, објаснувајќи дека можеби се виновни нејзините прсти бидејќи таа го држи телефонот одзади. Инаку, на семејството Кардашијан не им се непознати лошите фотомонтажи.

Можеби најозлогласениот гаф се случи кога таа го вметна лицето на ќерката на Клое, Тру на телото на ќерката на Кајли, Сторми, на фотографија од патување во Дизниленд. Ким подоцна ја призна грешката на социјалните мрежи откако тиктокер ја разоткри, објаснувајќи дека „не сакала да ја уништи“ нејзината естетика на Инстаграм.


Фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: